Правила и услови на користење

Производите презентирани на нашата веб страна се “покана за склучување на договор за купопродажба” а Вашата нарачка на производи е договорна понуда. Ниеден договор не може да стапи на сила помеѓу Flip It и Вас како купувач, доколку не е во согласност со Условите за купување опишани подолу.
Чекори за успешна нарачка:
  • Чекор 1: Kреирање на кориснички профил со обезбедување на лични податоци
  • Чекор 2: Персонализирање на производот со прикачување на фотографии, текст, позадини.
  • Чекор 3: Потврдување на содржината на кошничката
  • Чекор 4: Наведување на адресата за испорака и телефонски број
  • Чекор 5: Пренасочување кон плаќањето со картичка
  • Чекор 6: Потврдување на нарачката со известување на email
  • Чекор 7: Испорака на нарачката
Политика на цени:
Производите се доставуваат по цени кои важат на денот на поднесување на нарачката од страна на корисникот, а кои се наведени на веб-страницата www.flipit.mk
Цената на производот ќе биде постојано наведена на веб-страницата www.flipit.mk, освен во случај на софтверска или човечка грешка.
Цените на производите се подложни на промени во секое време, без обврска за известување и истите нема да влијаат на договорите кои се веќе реализирани
Вкупната цена за стоката се состои од вредноста на нарачката со вклучен данок на додадена вредност и без скриени трошоци.
Политика на достава
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
  • Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект;
  • Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот;
  • Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, со испорака низ цела Македонија;
  • Празнични денови и викенди не се врши испорака на нарачки и истите денови не влегуваат во пресметката на време за испорака;
  • Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот;
  • Производот што ќе биде нарачан може да се плати електронски со картичка.
  • Во период на акции и попусти, бројот на денови на испорака на нарачките може да биде подолг од предвиденото
Потребното време за испорака е однапред дефинирано во процесот на нарачка. Во случај на доцнење со испораката, доколку доцнењето е предизвикано од вонредна ситуација, корисникот нема право на компензација.
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи.
Рекламации и рефундирање
Не вршиме рекламација и рефундирање освен доколку при прием на производите корисникот забележи оштетен производ или некој производ недостасува, и истото е пријавено во рок од 24 часа од приемот на нарачката. Во тој случај има право да добие компензација за нов производ во иста вредност или поврат на средствата од производот кој е подложен на рекламацијата, на истата трансакциска сметка од која што е направена нарачката. Трошокот за враќањето на производот кој подложи на рекламација го сноси корисникот.
Корисникот се согласува да обезбеди фотографии кои мора да бидат со доволен квалитет со цел креирање на квалитетен производ. Минималната препорачана резолуција е детално опишана во посебен дел во делот за “Помош’ во НПП (Најчесто поставувани прашања). Разликата во квалитетот помеѓу фотографијата обезбедена од корисникот и онаа отпечатена на производот може да влијае на боите или на изгледот, особено поради квалитетот на оригиналната слика, но исто така и на квалитетот на екранот од уредот кој се користи. Корисникот признава дека квалитетот на печатење на производите се заснова на квалитетот на сликата дадена спрема Flip It. Flip It нема да ги замени или надомести производите чиј квалитет, кој корисникот го смета за недоволен, а се должи на квалитетот на сликата прикачена од корисникот.
Flip It ќе се труди услугите што ги обезбедува да бидат секогаш достапни, меѓутоа, поради околностите кои спаѓаат во редовно одржување на системот или серверот, може да дојде до прекин на пристапот, Flip It нема да биде одговорен за каква било штета што би можела да произлезе.
За било какви дополнителни информации, помош или прашања во врска со нарачките, испратете ни mail на info[at]flipit.mk или контактирајте не на 078 306 624, нашиот тим за поддршка на корисници со задоволство ќе ви помогне!