Политика на приватност
Целта на оваа политика на приватност е да ви ги претставиме правилата поврзани со заштита на личните податоци. Овој документ е подложен на промени кога тоа е неопходно затоа ве советуваме редовно да ја посетувате оваа страница.
Со користењето на нашата веб-страна www.flipit.mk ги обезбедувате вашите лични податоци и се согласувате со нашата политика на приватност за користење и обработка на личните податоци. Податоците што ги собираме се основни податоци, неопходни за финализирање на нарачките. Заштитата на личните податоци е многу важна за нас, па затоа сите податоци се строго и внимателно чувани и се исклучиво достапни само за вработените на кои им се потребни за извршување на неопходните активности за непречено обезбедување на нашите услуги. Сите вработени и соработници кои имаат пристап до личните податоци мора да ги почитуваат принципите на заштита на личните податоци.
Доколку не се согласувате со нашата политика на приватност, Flip It нема да може да ја обработи вашата нарачка.
За да креирате производ на нашата страна прво е потребно да имате кориснички профил, сите лични податоци кои што ги внесувате при регистрација и нарачка ќе бидат користени само за процесирање на вашата нарачка. Податоци кои се неопходни за успешна нарачка: име и презиме, e-mail адреса, адреса за достава и телефонски број.
Ажурирањето на овие податоци е достапно во секој момент.
Flip It не зачувува никакви податоци во врска со платежните картички. Процесот на плаќање се извршува преку терминалот за e-commerce од Halkbank, која ќе ги користи податоците за кредитната картичка со цел наплата на нарачката и процесирање на трансакцијата. Процесот на плаќање е целосно безбеден преку заштитена конекција со банката.
Чекори за успешна нарачка:
- Чекор 1: Kреирање на кориснички профил со обезбедување на лични податоци
- Чекор 2: Персонализирање на производот со прикачување на фотографии, текст, позадини.
- Чекор 3: Потврдување на содржината на кошничката
- Чекор 4: Наведување на адресата за испорака и телефонски број
- Чекор 5: Пренасочување кон плаќањето со картичка
- Чекор 6: Потврдување на нарачката со известување на email
- Чекор 7: Испорака на нарачката
За оваа цел, корисникот се согласува да обезбеди фотографии кои мора да бидат со доволен квалитет со цел креирање на квалитетен производ.
Flip It фотографиите и текстовите обезбедени од страна на корисникот ќе ги користи исклучиво само за креирање на посакуваниот производ на корисникот. Овие податоци се чуваат 30 дена после комплетираната нарачка. По истекот на наведениот временски период, фотографиите на корисникот трајно се бришат.